Македонски центар за женски права - Шелтер Центар е невладина, неполитичка и непрофитабилна, лобистичка женска организација која работи за афирмација, имплементација и заштита на женските права.
"Како да се сузбие сексуалното вознемирување на работното место"
Македонскиот Центар за Женски Права - Шелтер Центар го промовираше новиот Водич на тема "Како да се сузбие сексуалното вознемирување на работното место", финансиран од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје како дел од кампањата за почитување на женските права на работа.
Проблемот на сексуално вознемирување е многу чест во
Македонија. Тоа претсавува кршење на женскитe човекови права на работното место. Исто така сексуалното
вознемирување е најголема пречка во напредување на жената во работа во
Македонија.
‘Македонски Центар за Женски Права-Шелтер Центар’ во соработка со ‘Aim for human rights’-Холандија одржа обука на тема Домашно Насилство. Ова обука беше финансирана и подржана од Холандска Амбасада во Македонија-програма NUFFIC...
Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска 07.11.2007 во Скопје пред граѓанските организации го презентираше извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија во 2007 година.
Благодарение
на поддршката од Министерството за надворешни работи на Финска, МЦЖП ги
проширува активностите од програмата за женски права со отворање на две нови
правни канцеларии во Струмица и Струга, каде што жените од овие делови на
Македонија ќе можат да побараат бесплатна правна помош и заштита на нивните
права. Ова претставува голем настан не само за нашата организација туку и за
заштитата на женските човекови права во Македонија.